• сабота, 16 мај 2026

Најмалку седум загинати во бомбашки напад на пазар во Пакистан

Најмалку седум загинати во бомбашки напад на пазар во Пакистан

Исламабад, 12 мај 2026 (МИА) - Најмалку седум лица загинаа, од кои двајца полицајци и петмина цивили, а десетици се повредени во експлозија на бомба на пазар во северозападен Пакистан.

Експлозијата се случила на пазарот Техсил Сараи Навранг, во близина на округот Бану, недалеку од границата со Авганистан. На местото биле испратени екипи на службите за итна медицинска помош и на противпожарната служба.

Заменик-началникот на полицијата изјави дека тешко повредените лица се пренесени во болниците во Бану, додека директорот на болницата соопшти дека досега биле примени 37 пациенти, од кои дел се во критична состојба.

Снимки од местото на експлозијата покажуваат оштетени продавници и уништено возило.

Ова е втор смртоносен напад во регионот во последните четири дена, по експлозијата на автомобил кај полициски пункт во која загинаа 15 полицајци.

Пакистан претходно ги обвини милитантите од соседен Авганистан за нападите, додека властите во Кабул ги отфрлаат обвинувањата. аб/сд

фото/МИА архива

Остани поврзан