Охрид дел од македонската понуда на Меѓународниот саем за туризам во Белград
- На меѓународната манифестација што се одржува под слоганот „Едно патување, илјада приказни“ Општина Охрид се претставува заедно со понудата на која учествуваат уште и Министерството за култура и туризам, ХОТАМ и други туристички чинители.
Охрид, 19 февруари 2026 (МИА) – Туристичката понуда на Охрид е дел од понудата на годинешниот 47. Меѓународен саем за туризам што се одржува во Белград.
На меѓународната манифестација во Србија што годинава се одржува под слоганот „Едно патување, илјада приказни“ Општина Охрид се претставува заедно со понудата на која учествуваат уште и Министерството за култура и туризам, ХОТАМ и други туристички чинители.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, посочи дека во Белград имал можност да оствари средби со туроператори, пријателски општини, медиумски претставници и со амбасадорот на Република Македонија во Србија, Никола Тупанчески, на кои било разговарано за можностите за зајакнување на соработката и привлекување повеќе туристи во Охрид.
Во рамки на програмата на македонската делегација вечерва ќе се одржи и традиционалната „Охридска вечер“, на која се поканети претставници на туристичкиот сектор од регионот.
Меѓународниот саем за туризам во Белград е значајна саемска манифестација со учество на повеќе од 350 излагачи од 18 држави. аб/вј/
Фото: Општина Охрид