ОУ „Крсте Мисирков" од Оризари го одбележа патрониот празник
- Основното училиште „Крсте Мисирков“ од кочанската населба Оризари го одбележа патрониот празник, прославувајќи 151 годинa од раѓањето на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, собирач и проучувач на македонското народно творештво, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Петков Мисирков.
Кочани, 18 ноември 2025 (МИА) - Основното училиште „Крсте Мисирков“ од кочанската населба Оризари го одбележа патрониот празник, прославувајќи 151 годинa од раѓањето на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, собирач и проучувач на македонското народно творештво, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Петков Мисирков.

По тој повод, градоначалникот Владко Грозданов со делегација од Советот на Општина Кочани и директорката Милева Богданова со вработени во училиштето и ученици положија свежо цвеќе на бистата на патронот во училишниот двор.

По повод празникот на училиштето, ученици настапија со осврт кон животот и делото на Мисирков.
Посетата на ОУ „Крсте Мисирков“ градоначалникот Грозданов ја искористи да се запознае со состојбата на училиштето, просторните, техничките и материјалните услови за работа на учениците, наставниците и стручните служби.ис/свс/
Фото: Општина Кочани