Отворено предавање со проф. д-р Мимоза Рајл „Музиката како последна хармонија“
- Отворено предавање на проф. д-р Мимоза Рајл на тема „Музиката како последна хармонија“ ќе се одржи денеска во 16:00 часот во Малата сала на Факултетот за музичка уметност при УКИМ.
Скопје, 10 декември 2025 (МИА) – Отворено предавање на проф. д-р Мимоза Рајл на тема „Музиката како последна хармонија“ ќе се одржи денеска во 16:00 часот во Малата сала на Факултетот за музичка уметност при УКИМ.
-Да се објасни музиката, значи да се објасни една божествена душа истовремено и нејзините страдањата на престојот во овој таинствен свет. Новиот симбол на музиката е светлината на најдалечното, но секако и на највнатрешното небо на ѕвездите. Музиката е речовит знак дека сме во допир со најдлабоката тајна што нé опкружува нас во овој свет, надвор од геологијата на искуството. Во неа и од неа го слушаме Фауст на Гете како вели за во бесконечното да одиш во конечното треба да бидеш. А во овој живот не смееме само да умреме со музиката во себе..., вели меѓу другото проф. д-р Рајл.
Д-р Мимоза Рајл е директор на Институтот за сценски уметности на „Интернационалниот универзитет Еуропа Прима“ во Скопје. Таа е професор по естетика на аудиовизуелните уметности, како и есеист, колумнист, театарски критичар и поет.
Мимоза Рајл во јуни 2021 година во издание на Универзитетот “Еуропа Прима” во Скопје, ја издаде и ја
промовираше својата книга и научен труд од областа на естетиката, “Светлината на убавината и
уметноста”. Таа е автор и на книгата „Соништата на писателот“ објавена 2022 година. вг/
Фото: плакат