Отворен повик за аплицирање за наградата на ЕУ интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција 2025 година
- Отворен е повикот за аплицирање за шестото издание на Наградата на ЕУ за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција. Оваа година наградата ќе биде доделена за позитивни постигнувања за вклучувањето на Ромите во секторот образование. Краен рок за аплицирање на повикот е 28 февруари 2025 година.

Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) - Отворен е повикот за аплицирање за шестото издание на Наградата на ЕУ за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција. Оваа година наградата ќе биде доделена за позитивни постигнувања за вклучувањето на Ромите во секторот образование. Краен рок за аплицирање на повикот е 28 февруари 2025 година.
Добитниците на наградите кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка ќе добијат парична награда од 7500 евра за прва награда и 4500 евра за втора награда. Сите наградени ќе добијат можност за студиска посета во Брисел, Белгија.Наградата е финансирана од Европската Унија и имплементирана од Roma Active Albania.
Сите наградени ќе имаат меѓународно признание преку церемонијата на доделување на наградата во Брисел и дополнително ќе присуствуваат на активностите што ќе се спроведуваат во исто време со доделувањето. Студиската посета ќе следи по доделувањето на наградите.
Наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција има за цел да ја зајакне политичката посветеност и да ја поддржи интеграцијата на Ромите во регионот. Таа ги препознава иницијативите кои значително ги подобриле животите на Ромите и кои можат да бидат реплицирани во иднина.
Претходните изданија на наградата беа фокусирани на важната улога на организациите кои работат за интеграција на Ромите (прво издание), инклузијата, интеграцијата и зајакнувањето на ромската младина (второ издание), „Непознати херои" – Ромки кои преку својата работа и посветеност ја подобрија социјалната интеграција на Ромите (трето издание), личности кои промовираат еднаквост преку вработување (четврто издание), како и интеграцијата на Ромите во Зелената и Дигиталната транзиција (петто издание).
Годинава наградата ќе биде доделена за иницијативите кои постигнале значаен напредок, конкретни одржливи резултати и позитивни промени во секторот на образование (предучилишно, основно и средно ниво). Наградата е финансирана од Европската Унија и имплементирана од Roma Active Albania.
Добитниците на наградите кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка ќе добијат парична награда од 7500 евра за прва награда и 4500 евра за втора награда. Сите наградени ќе добијат студиска посета во Брисел, Белгија. сст/ев/
Фото: ЕУ