Отворен ден со граѓаните утре во просториите на Општина Илинден
- Во соопштението се нагласува дека жителите на Илинден имаат можност да бидат дел од промените и креирањето на Буџетот со директно учество за подобрување на квалитетот на локалните услуги и условите за живот.
Скопје, 27 ноември 2025 (МИА) - Отворен ден со граѓаните ќе се реализира утре во просториите на Општина Илинден.
- Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2026 година, при што во текот на месец ноември, граѓаните имаа можност да пополнат буџетски прашалник, да ги искажат своите идеи и предлози и да учествуваат во подготовката на новиот буџет. За таа цел, ги известуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица, дека на 28 ноември (петок), со почеток од 14.00 до 18.00 часот, ќе се одржи отворен ден во просториите на Општината, каде активно и заеднички ќе го креираме буџетот, соопштија попладнево од локалната самоуправа.
Во соопштението се нагласува дека жителите на Илинден имаат можност да бидат дел од промените и креирањето на Буџетот со директно учество за подобрување на квалитетот на локалните услуги и условите за живот.
- Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните, затоа ваквата инклузивна можност воспоставува процеси на брзо и квалитетно решавање на проблемите на жителите, се истакнува во соопштението. бд/вј/
Фото: Општина Илинден