Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот, предадени за обдукција и ДНК анализа
- Во ОВР - Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Кавадарци, 8 ноември 2025 (МИА) - Во ОВР - Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.
-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР - Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР - Велес. свд/лв/
фото: МИА архива