• недела, 08 март 2026

Осло: Засега без осомничени по синоќешната експлозија во американскиот дипломатски комплекс

Осло: Засега без осомничени по синоќешната експлозија во американскиот дипломатски комплекс

Осло, 8 март 2026 (МИА) - Норвешките власти денеска интензивно трагаат по сторителите на експлозијата што се случи пред амбасадата на САД во главниот град Осло, јави ДПА.

- Станува збор за неприфатлив инцидент кој го сфаќаме многу сериозно - изјави министерката за правда Астри Ас-Хансен.

Според првичните наоди на истрагата, експлозијата одекнала кај еден од влезовите на амбасадата, и притоа нема повредени лица.

Од полицијата соопштија дека на местото на настанот интервенирале бројни екипи на итните служби.

На прес-конференцијата одржана попладнево, официјалните лица потврдија дека сè уште нема осомничени, но дека властите работат со сите расположиви капацитети на расветлување на случајот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан