• петок, 05 декември 2025

Општините Штип, Карбинци, Радовиш и Конче имаат заеднича Стратегија за справување со пожари на отворено

Општините Штип, Карбинци, Радовиш и Конче имаат заеднича Стратегија за справување со пожари на отворено

Штип, 22 ноември 2025 (МИА) - Општините Штип, Карбинци, Радовиш и Конче имаат заедничка Стратегија за превенција на пожари на отворено. Здружението за рурален развој ЛАГ „Плачковица“ при правење на Стратегијата утврди дека земјоделските површини се најризични, а пак човекот е најчесто причинител за пожарите на отворени.

Столе Ѓорѓиев претседател на ЛАГ „Плачковица“ вели дека во Стратегијата за четирите општини  утврдени се и превентивни мерки, дефинирање на ризичните зони и создавање на пунктови за брза интервенција при пожари на отворено.

-Превентивните мерки се дефинирање на зони, пробивање на патишта, расчистување на оние места кадешто има потенцијал за развој на пожар, санирање на земјоделските земјишта. Мора да се подигне јавната свест-забрането спалување на земјоделски отпад, забрането спалување во шумските предели и создавање на пунктови кои ќе бидат за поддршка во случај на справување со пожари, вели Ѓорѓев.

Командирот на Територијална Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов истакна дека кадар имаат, но потребно е доопремување на единиците со опрема за рано откривање на пожарите на отворено.

-Од опрема недостасуваат дронови, како и усовршување за откривање на раните пожари. Недостасува и опрема како мешиња, метли и возила, од опрема секогаш ќе бидеме мањак, изјави Ренџов.

Инаку, ова лето гореше шума на планината Готен на територија на општините Радовиш, Струмица и Берово. Пожарот зафати површина од 1.948 хектари, а штета се проценува на околу 224.000 евра. вдј/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан