• среда, 07 јануари 2026

Општина Кочани ќе стипендира 31 студент со по 4000 денари месечно

Општина Кочани ќе стипендира 31 студент со по 4000 денари месечно

Кочани 5 јануари 2026 (МИА) - Триесет и еден студент ќе користи стипендија од Општина Кочани за академската 2025/2026 година.

Студентите стипендисти на Општината денеска ги потпишаа договорите за користење на стипендијата за академската 2025/26 година

Градоначалникот, Владко Грозданов им ги додели договорите на студентите и им посака успех во понатамошното студирање.

– Очекувам општинската стипендија, која од оваа година е со зголемен износ, да биде добра мотивација и поддршка за да постигнувате натамошни успеси во студирањето – рече во своето обраќање пред студентите градоначалникот Грозданов.

– Конкурсот беше распишан за 30 студенти на прв циклус студии на јавните високообразовни институции во Македонија, но градоначалникот Грозданов направи отстапка и донесе одлука од својата буџетска програма да издвои средства за уште една стипендија, со што сите студенти што ги исполнија условите според конкурсот, ќе користат стипендија од Општина Кочани. Доделените стипендии се од сите категории опфатени со конкурсот – изјави Голубинка Георгиева, претседателка на Комисијата за стипендии.

Оваа година од 45 пријавени, деветмина студенти се откажаа поради добивање државна стипендија, а петмина не ги исполнија условите.

Месечниот износ на општинската стипендија годинава е 4 000 денари и се исплаќа десет месеци.ис/са/

фото: Општина Кочани

Остани поврзан