• сабота, 21 февруари 2026

Општина Ѓорче Петров со зголемена финансиска поддршка од 8.000 денари за секое новородено дете

Општина Ѓорче Петров со зголемена финансиска поддршка од 8.000 денари за секое новородено дете

Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Општина Ѓорче Петров од оваа година воведува зголемена финансиска поддршка за секое новородено дете. Секое семејство ќе добива еднократна парична помош во износ од 8.000 денари, како конкретна поддршка во најубавите, но и најодговорни моменти од родителството.

Со оваа мерка, Општината испраќа јасна порака за посветеност кон семејството, децата и демографскиот развој, како и континуирана грижа за младите брачни парови кои ја градат својата иднина во Ѓорче Петров.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека оваа одлука е дел од пошироката визија за зајакнување на семејството како темел на локалната заедница:

-Секое новородено дете е нов почеток, надеж и наша заедничка одговорност. Со оваа зголемена финансиска поддршка испраќаме јасна порака дека стоиме зад младите семејства и дека инвестираме во животот од самиот почеток. Грижата за децата не е трошок, туку највредната инвестиција во иднината на нашата општина. Финансиската поддршка од 8.000 денари претставува директна помош за родителите, но и симбол на општинска политика насочена кон создавање сигурна, стабилна и охрабрувачка средина за раст, развој и достоинствено детство - вели Стојкоски.

Од Општина Ѓорче Петров велат дека остануваат посветени на креирање одговорни, одржливи и човечки политики, со кои децата, семејството и заедницата се во центарот на вниманието. дма/са/

Фото:МИА архива и Општина Ѓорче Петров

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан