Општина Штип обезбеди средства за бесплатна психолошка поддршка на лицата заболени од канцер
- Лицата кои се заболени од канцер од март ќе имаат бесплатна психолошка поддршка, најави на денешната прес-конференција Снежана Санева раководител на Секторот за јавни дејност, образование и ЛЕР во Општина Штип.Здружението „Лирас“ за психолошка поддршка на заболени од канцер е вклучено во реализацијата на овој проект, која се финансира преку Програмата за еднакви можност на Општина Штип. Анета Кирова од Здружението на психолози и психотерапевти „Лирас“ вели дека оваа поддршка ќе биде достапна и бесплатна за сите лица заболени од канцер.
Штип, 27 февруари 2026 (МИА) – Лицата кои се заболени од канцер од март ќе имаат бесплатна психолошка поддршка, најави на денешната прес-конференција Снежана Санева раководител на Секторот за јавни дејност, образование и ЛЕР во Општина Штип. Здружението „Лирас“ за психолошка поддршка на заболени од канцер е вклучено во реализацијата на овој проект, кој се финансира преку Програмата за еднакви можност на Општина Штип.
Анета Кирова од Здружението на психолози и психотерапевти „Лирас“ вели дека оваа поддршка ќе биде достапна и бесплатна за сите лица заболени од канцер. Таа додава дека многу често кога се зборува за болните од канцер се мисли само на медицинскиот третман, какошто се операциите, прегледите, контролите, но многу малку се зборува за тоа како се чувствува личноста која го поминува целиот овој процес.
-Токму овде е насочена нашата работа и нашата поддршка. Што покажуваат истражувањата? Покажуваат дека лицата, кои се вклучени во групна работа, на кои им е понудена психолошка поддршка имаат можност полесно да се справат со третманот, да имаат поквалитетен живот, намалена анксиозност и се намалува социјалната изолација - изјави Кирова.
Посочи дека поддршката ќе ја реализираат двајца психотерапевти, со формирање на група, а целта е да се надмине и чувството дека се сами.
Психологот и психотерапевт, Весна Трајковска додаде дека за првпат ќе се реализира психолошка поддршка за лицата кои се заболени од канцер во Штип, кои веќе можат да се пријавуваат за да учествуваат во групата. Поддршката ќе ја добиваат шест месеци, почнувајќи од март.
-Благодарни сме на Општина Штип што ни овозможи да го спроведиме овој проект, за кој веруваме дека има многу реална потреба. Ги повикуваме сите граѓани, кои се соочуваат со оваа болест за оваа бесплатна достапна можност за психолошка поддршка во група, која ќе биде доверлива и безбедна средина. Ќе добијат поддршка, советување и можност за разговор. Важно е да напомениме дека во групата ќе можат да се соочаат со дијагнозата, на начин што обезбедува нормализирање на нивните чуствува, потоа чувство на припадност и на разбирање и стручна помош во справување со стресот. Но, и можност да ги прифатат сопствените телесни и животни промени, да се соочат со овие процеси кои дијагнозата ги носи - рече Трајковска.
Посочи дека можат да се пријават сите лица на кои им е во тек лекување, опаравување, следењето.
Санева, која воедно е и претседател на Комисијата за еднакви можности на Општина Штип, истакна дека оваа година Програмата има буџет од околу еден милион денари, а со неа се финанисираат и проекти на Здруженија за борба против семејното насилство, односно кои даваат поддршка на жртвите, потоа се финансираат и фитнес активност за лицата со обезност, како и со вакви активности за борба против стресот и секојдневниот замор на жените кои се вработени, а се финансираат и проекти за стекнување на нови вештини на жените, кои се невработени. вдј/вј/
Фото: МИА