Општина Струга даде рок за отстранување на времените објекти и ослободување на јавните површини
- Општина Струга ги известува граѓаните во рок од 10 дена да ги отстранат сите времени објекти на кои согласно решенијата за поставување урбана опрема во тековната 2025 година, рокот им е изминат.
Струга, 13 ноември 2025 (МИА) - Општина Струга ги известува граѓаните во рок од 10 дена да ги отстранат сите времени објекти на кои согласно решенијата за поставување урбана опрема во тековната 2025 година, рокот им е изминат.
Според информацијата, рокот почнува да тече од денеска, а се однесува на сите бараки, тезги, детски играчки, рекламен материјал, земјоделски производи, градежни материјали и слично.
Граѓаните кои имаат зафатено јавна и сообраќајна површина на територијата на општина Струга, со оставено огревно дрво, нерегистрирани и хаварисани возила, отпадни гуми и друга опрема и материјал да ја ослободат до крајот на месецот.
- Краен рок за постапување е 30 ноември 2025 година. По истекот на рокот инспекцијата на општина Струга, ќе постапи согласно законските надлежности и ќе започне со ослободување на зафатената јавната површина, соопшти Општина Струга. сс/дма/
Фото МИА архива