• петок, 05 декември 2025

Општина Лозово доделува стипендии за средношколци и студенти

Општина Лозово доделува стипендии за средношколци и студенти

Велес, 27 ноември 2025 (МИА) - Општина Лозово четврта година по ред ја спроведува програмата за стипендирање, со која обезбедува осум стипендии за средношколци и студенти од различни категории, со цел поддршка на талентите и создавање еднакви шанси за младите.

Како што соопштуваат од локалната самоупраа, две од стипендиите се за средношколци од семејства корисници на социјална заштита, две за студенти од семејства со социјални предизвици, две стипендии за талентирани средношколци со одличен успех и труд, и две за талентирани студенти и младински лидери.

Стипендиите се во месечен износ од по две илјади, девет месеци за средношколци и три илјади за студенти, исто така, девет месеци.

Градоначалникот Бошко Цветковски информира  дека оваа програма е повеќе од финансиска мерка бидејќи, како што потенцира, таа претставува создавање еднакви шанси, поддршка на талентот и инвестирање во иднината на заедницата.

- Младите се нашата најголема сила, најголемо богатство и највредна инвестиција. Кога вложуваме во нив, вложуваме во нашиот идентитет, во нашата заедница, во нашето утре. Секоја доделена стипендија е една рака подадена на млад човек кој се бори за подобра иднина. Секоја поддршка е чекор напред кон пофер општество, а  секој успех на младите е успех на целата општина, потенцира  Бошковски.

Пријавувањето е до 9 декемвриво Општина Лозово, а за потребните документи заинтересираните информации можат да најдат на веб-страната на Општина Лозово.ад/ар
Фото: Општина Лозово

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан