• петок, 09 јануари 2026

Општина Кавадарци повика граѓанските организации да ги обноват податоците до 15 јануари

Општина Кавадарци повика граѓанските организации да ги обноват податоците до 15 јануари

Кавадарци, 9 јануари 2026 (МИА) - Ги повикуваме сите граѓански организации да ги обноват своите податоци, најдоцна до четврток, 15 јануари, соопштија денеска од Општина Кавадарци.

- Како дел од транспарентното работење на Општина Кавадарци и континуираното унапредување на комуникацијата со граѓаните и граѓанските организации, креиравме анкетен прашалник, објавен на веб-страницата на општината. Прашалникот има за цел ажурирање на податоците за сите граѓански организации, со што ќе се овозможи навремено информирање за настаните и активностите што Општина Кавадарци ќе ги организира во наредниот период, појаснија од локалната самоуправа. свд/ац/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан