Општина Гевгелија апелира до граѓаните да пријавуваат случаи на загадување
- Се апелира до сите граѓани доколку забележат какви било случаи на загаденост навремено да се јават на „Систем 48“, на телефонскиот број 076/211-999 или на Општинскиот инспектор за животна средина на телефонскот број 078/412-460, информираа од Општина Гевгелија преку нивната веб страница.

Гевгелија, 5 февруари 2025 (МИА) - Се апелира до сите граѓани доколку забележат какви било случаи на загаденост навремено да се јават на „Систем 48“, на телефонскиот број 076/211-999 или на Општинскиот инспектор за животна средина на телефонскот број 078/412-460, информираа од Општина Гевгелија преку нивната веб страница.
Во апелот се наведува дека заложбите и напорите како на локалната, така и на централната власт преку конкретни мерки за да се редуцира степенот на загадување, очигледно не допираат до вистинските адреси.
- Повикуваме и апелираме на почитување, одговорност и свесност до сите сограѓани согласно законите и обврските во делот на аерозагадувањето. Иако инспекторите се ограничени со своите ингеренции, сепак тие ќе постапат во рамките на своите надлежности и ќе преземат мерки согласно законот, стои во апелот.
Со додава дека со заеднички сили треба да се продолжи со работа на подобрувањето на условите за живот во Гевгелија за да се заштитиме здравјето на сите и идните генерации и затоа активното учество на граѓаните во борбата против загадувањето е клучно за подобрување на животната средина.рт/са/
Фото: МИА архива