Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
- Општина Велес и во 2025 година продолжува со исплата на еднократна парична помош во износ од 3 000 денари за секое новороденче.

Велес, 30 јануари 2025 (МИА) - Општина Велес и во 2025 година продолжува со исплата на еднократна парична помош во износ од 3 000 денари за секое новороденче.
Повеќе информации околу критериумите и начинот на исплата семејствата на новороденчињата може да најдат на следниот линк: bit.ly/3HbXtih, информираат од Општина Велес.
Воедно за МИА, појаснуваат дека по овој основ во 2024 година од општинската каса биле исплатени вкупно 528 илјади денари или по 3 000 денари на семејствата на 176 новороденчиња од Велес, од кои 96 машки и 80 женски новороденчиња. ад/дма/
Фото: МИА архива