Општина Велес во декември издала осум одобренија за градби што е најмногу од oпштините во Вардарскиот регион
- Од вкупно осумте дозволи за градење издадени од Општина Велес, три се на физички лица и пет на фирми. Тие ќе градат станови за живеење. Предвидената вредност на сите градби за кои Општината издала одобренија изнесува 67 илјади 449 денари, објави Државниот завод за статистика.

Велес, 12 февруари 2025 (МИА) - Од вкупно осумте дозволи за градење издадени од Општина Велес, три се на физички лица и пет на фирми. Тие ќе градат станови за живеење. Предвидената вредност на сите градби за кои Општината издала одобренија изнесува 67 илјади 449 денари, објави Државниот завод за статистика.
Фирмите кои добиле одобренија за градба пријавиле изградба на три трособни и два четирисобни станови на вкупна површина од 537 метри квадратни корисна површина.
Информираат дека Општина Велес издала осум одобренија за градби, а што е најмногу од општините во Вардарскиот регион.
Државниот завод за статистика излезе со податоци дека во декември минатата година во државава се издадени 287 одобренија за градење, што е за 2 отсто помалку во однос на истиот месец од 2023 година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 954 058 илјади денари, што е за 22.6 отсто помалку во однос на истиот месец од 2023 година. ад/мд/
Фото: МИА