• петок, 21 февруари 2025

Општина Битола обезбеди средства за подобрување на пристапноста на лицата со попреченост

Општина Битола обезбеди средства за подобрување на пристапноста на лицата со попреченост

Битола, 4 февруари 2025 (МИА) - Општина Битола обезбеди финансиски средства за подобрување на пристапноста, мобилноста и функционалноста на лицата со попреченост.

Средствата  од програмата за социјална заштита ќе се исплаќаат по реализиран јавен повик за искористување на финансиска помош со која се овозможува адаптација на пристапност, мобилност и функционалност до и во домот на лицата со попреченост или адаптација на инфраструктурата и набавка на неопходна опрема.

Од Секторот за односи со јавност на Општина Битола посочуваат дека корисниците може да вршат поставување или изградба на пристапни рампи, платформи, лифтови, направи за искачување на скали, прилагодување на тоалети, проширување на врати, изградба на пристапни патеки, како и набавка на специјализирана опрема за мобилност и функционалност. Средствата во максимален износ од 61.500 денари се исплаќаат на корисникот.

Општина Битола минатата година на седум лица со попреченост и додели финансиска помош од 400.000 денари. мт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан