ОН: Дроновите станаа најчеста причина за цивилни жртви во војната во Украина
- Воздушните беспилотни летала со краток дострел беа најчеста причина за цивилни жртви во Украина во јануари, соопштија Обединетите нации, укажувајќи на зголемената употреба на на таа технологија за време на конфликтот во Украина.

Киев, 11 февруари 2025 (МИА) - Воздушните беспилотни летала со краток дострел беа најчеста причина за цивилни жртви во Украина во јануари, соопштија Обединетите нации, укажувајќи на зголемената употреба на на таа технологија за време на конфликтот во Украина.
Според набљудувачката мисија на ОН, најмалку 139 цивили се убиени, а 738 се ранети во јануари 2025 година.
Од тој број, 27 отсто од смртните случаи и 30 отсто од повредите биле предизвикани од дронови со краток дострел. паг/
Фото: МИА архива