• петок, 05 декември 2025

Оклахома Сити постави клупски рекорд

Оклахома Сити постави клупски рекорд

Инглвуд, 5 ноември 2025 (МИА) – Оклахома Сити утрово на гостински терен забележа победа над Лос Анџелес клиперс со 126:107. За Тандер ова беше осма последователна победа од почетокот на сезоната поставувајќи нов клупски рекорд.

Пред натпреварот, актуелниот НБА-шампион го изедначи својот најдобар старт (7-0) од минатата сезона, приклучувајќи се кон кратка листа на тимови (Хјустон во 1990-тите, Бостон во 1960-тите) кои го постигнаа овој подвиг двапати по ред.

Оклахома Сити е единствениот непоразен тим во тековната сезона и е лидер во Западната конференција.

На Исток прв е Чикаго булс со шест победи и еден пораз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан