• петок, 05 декември 2025

Оже - Алијасим прв финалист во Париз

Оже - Алијасим прв финалист во Париз

 

Париз, 1 ноември 2025 (МИА) – Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим се пласираше во финалето на Мастерсот 1000 во Париз, откако попладнево го совлада во првото полуфинале Казахстанецот Александар Бублик (АТП-16) со 7:6, 6:4.

Оже-Алијасим, десетторангираниот светски тенисер, до своето второ мастерс финале во кариерата дојде по еден час и 36 минути игра против Бублик.

В недела, во финалето за својот прв Мастерс трофеј, канадскиот тенисер ќе игра против победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Италијанецот Јаник Синер и Александар Зверев од Германија. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан