• петок, 05 декември 2025

Одржани две TSD натпреварувања - Авто-слалом натпреварувања Кичево 3 и 4

Одржани две TSD натпреварувања - Авто-слалом натпреварувања Кичево 3 и 4

Кичево, 11 ноември 2025 (МИА) - Во рамки на годинешниот календар на Националната федерација на историски возила на Македонија, изминатиот викенд се одржаа третото и четвртото TSD натпреварување (брзина, спретност и прецизност) со јангтајмери - Авто-слалом натпреварувања, Кичево 3 и 4. Овие натпреварувања се бодуваат за шампионатот на Македонија во Авто-слалом со историски возила за 2025 година.

Натпреварувачите со своите возила беа распоредени во повеќе категории и класи и тоа: Класа 1 до 1200 cm3, Класа 2 до 1600 cm3, Класа 3 над 1600 cm3 и Класа 4 - тркачки возила. 

Натпреварот го отвори градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јовановски, заедно со претседателот на Националната федерација на историски возила на Македонија, Мојсије Милосавлевски. Во своите обраќања Јовановски и Милосавлевски ги претставија идеите за ревитализација и мултифункционалност на автодромот Кичево.

Официјалните резултати Кичево 3:

Класа 1 до 1200 cm3:
1. Алексансар Марковски - Пежо 205 -  ОТК Скопје.

Класа 2 до 1600 cm3:
1. Мојсије Милосавлевски - Даихатсу Шараде - ОТК Скопје
2. Владимир Кулушиќ - Рено Меган - ОТК Класика Прилеп
3. Даниел Даневски - Пежо 206 - ОТК Скопје.

Класа 3 над 1600 cm3:
1. Кире Ставров - Фијат Пунто - ОТК Класика Прилеп
2. Кристијан Василев - Ауди 80 - ОТК Скопје
3. Лазар Стојаноски - Нисан Премиера - ОТК БМВ Скопје.

Класа 4 - тркачки возила:
1. Влатко Костовски - Опел Астра - ОТК Скопје
2. Мојсије Милосавлевски - Југо 55 - ОТК Скопје
3. Димитар Димески - Фијат Сеиченто, ОТК Класика Прилеп.

Пласман на клубови:
1. ОТК Скопје
2. ОТК Класика Прилеп
3. ОТК БМВ Скопје

 Резултати Кичево 4:

Класа 1 до 1200 cm3:
1. Алексансар Марковски - Пежо 205 -  ОТК Скопје.

Класа 2 до 1600 cm3:
1. Мојсије Милосавлевски - Даихатсу Шараде - ОТК Скопје
2. Дарко Галев -  Хонда Сивик 1.6 - Мини Класик Скопје
3. Мишо Сиљановски - Застава Југо 1.4 - ОТК Скопје.

Класа 3 над 1600 cm3:
1. Бојан Сидороски - Голф 2 1.8  - ОТК Скопје
2. Кристијан Василев - Ауди 80 - ОТК Скопје
3. Дејан Здравкоски - пежо 206 - ОТК Скопје.

Класа 4 - тркачки возила:
1. Влатко Костовски - Опел Астра -ОТК Скопје
2. Мојсије Милосавлевски - Југо 55 - ОТК Скопје
3. Александар Љубовчевиќ - Застава 750 Прото, ОТК Мини Класик.

Пласман на клубови:
1. ОТК Скопје
2. ОТК Класика Прилеп
3. ОТК Мини Класик. зс/

Остани поврзан