• среда, 10 декември 2025

Одржана конститутивна седница на Локалниот совет за превенција во Делчево

Одржана конститутивна седница на Локалниот совет за превенција во Делчево

Делчево, 9 декември 2025 (МИА) - Во Делчево денес се одржа првата седница на новоформираниот Локален совет за превенција, кој повторно беше активиран по иницијатива на градоначалникот Иван Гоцевски. 

Целта на Советот е координирање активности за подобрување на безбедноста, со особен фокус на претстојниот празничен период.

Градоначалникот Гоцевски во своето излагање истакна дека во периодот на празнични прослави е особено важно да се преземат мерки за заштита на граѓаните и намалување на ризиците.

-Советот ќе работи на подигање на свеста за тоа како граѓаните треба да постапуваат во празничниот период, со цел да се избегне употребата на пиротехнички средства и да се намали ризикот од инциденти, изјави Гоцевски.

По формирањето, Советот ја активираше Работната група задолжена за изготвување едукативни материјали и организирање на активности за учениците. Во текот на декември, во училиштата ќе се одржуваат предавања и работилници посветени на подигнување на свеста за опасностите од пиротехничките средства.

Според локалните власти, целта е од најрана возраст да се поттикне одговорно и безбедно одбележување на празниците, како и да се спречат несакани инциденти поврзани со неправилна употреба на петарди и друга пиротехника. вс/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан