Одбојкарите на Струмица ја прекинаа победничката серија на Штип УГД
- Одбојкарите на актуелниот шампион Струмица му го нанесоа првиот пораз на лидерот Штип УГД, откако синоќа триумфираа на гостински терен со 3:2 (19:25, 21:25, 25:23, 25:23, 15:12) во дерби натпреварот на 9. коло во Првата македонска одбојкарска лига.
Штип, 7 декември 2025 (МИА) – Одбојкарите на актуелниот шампион Струмица му го нанесоа првиот пораз на лидерот Штип УГД, откако синоќа триумфираа на гостински терен со 3:2 (19:25, 21:25, 25:23, 25:23, 15:12) во дерби натпреварот на 9. коло во Првата македонска одбојкарска лига.
Домаќинот самоуверено го отвори натпреварот и имаше сигурно водство од 2:0 во сетови, но струмичани не се предадоа и израмнија во сетови на 2:2
Гостинските одбојкари во тај-брејкот влегоа фуриозно со 6:1 и 9:4 и со комплетен пресврт стигнаа до важна победа.
Јован Милев со 20 поени беше најефикасен во редовите на Струмица, следен од Кристијан Илијев со 17.
Во редовите на Штип УГД, Махди Задмард со 22 поени беше најдобар поентер на натпреварот, додека Стојан Илиев реализираше 18 поени.
Штип УГД и покрај поразот останува на лидерската позиција на табелата со бод повеќе од второпласираната Струмица. ег
ФОТО: Фејсбук