• недела, 08 март 2026

Одбележуван Меѓународниот ден на жената во ОУ „Синиша Стоилов“ –од Зрновци

Одбележуван Меѓународниот ден на жената во ОУ „Синиша Стоилов“ –од Зрновци

Кочани, 8 март 2026 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци денеска се одржа пригодно одбележување на празникот, исполнето со почит, благодарност и признание за трудот и посветеноста на жените.

Најпрво, градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев, заедно со вработени од општината, го честиташе празникот со симболичен каранфил за сите вработени во училиштето од понежниот пол, упатувајќи им искрени честитки и благодарност за нивната работа и придонес.

Во чест на денот, наставничките од литературната секција, Далиборка Милосјова и Олга Минова, ги доделија наградите и пофалниците на учениците кои учествуваа на конкурсот посветен на празникот.

Потоа, наставничката Венера Стојчева ги врачи наградите за најдобар ученички проект, со што уште еднаш се истакна креативноста и трудот на учениците, а  наставничката Надица Димитрова ги додели сертификатите и благодарниците од активностите поврзани со ДАБАР и Неделата на информатиката.

На крајот од настанот, директорката на училиштето им додели скромни подароци на вработените, со искрена желба секој ден да биде исполнет со почит, достоинство и гордост за сè што прават.

Во рамките на одбележувањето на празникот, денеска, учениците од одделенската настава од целото училиште доделија честитки изработени од нив на плоштадот во Зрновци, со што на симболичен начин им го честитаа празникот на сите жени од локалната заедницата. ис/

Фото: МИА

 

Остани поврзан