• петок, 20 февруари 2026

Одбележани 164 години од смрта на Димитар и Константин Миладинови

Одбележани 164 години од смрта на Димитар и Константин Миладинови

Струга, 21 јануари 2026 (МИА) - Пред Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга денеска беа одбележани 164 години од смртта на Димитар и Константин Миладинови.

- Браќата Миладинвци со своето дело трајно го обележаа македонскиот културен и духовен идентитет. Нивното наследство и денес останува силен симбол на љубовта кон јазикот, културата и слободата - соопшти Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. 

Во рамките на одбележувањето на споменикот на истакнатите македонски просветители и преродбеници цвеќе положија делегации на Музејот „Доктор Никола Незлобински“, Центарот за култура и истоименото основно училиште. сс/дма/

Фото: НУ ЦК „Браќа Миладиновци“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан