• петок, 21 февруари 2025

Од ноќеска дожд на пониските места, слаб снег на планините

Од ноќеска дожд на пониските места, слаб снег на планините

Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) - Во текот на ноќта и утре претежно во планинските региони ќе има појава на слаб повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој може да замрзнува на тлото и кој ќе преминува во снег.

Како што најавуваат од УХМР, потоа ќе продолжи променливо облачно време претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег. Во петок ќе засилува југоисточен ветер. сст/ев/

фото МИА архива

Остани поврзан