• петок, 05 декември 2025

Од дождот проблеми и во општината Чешиново - Облешево

Од дождот проблеми и во општината Чешиново - Облешево

Кочани, 28 ноември 2025 (МИА) - Водата во реките, во каналската мрежа и одводните канали во Кочанско после дождовите што наврнаа оваа недела, достигнува до критично ниво. 

Во селото Спанчево, Општина Чешиново- Облешево, уште од ноќеска се присутни припадници на ТППЕ од Кочани, денескана теренот се и работници на Водостопанство „Брегалница“  со механизација, екипи на ЈПКД „Облешево“,  членови на  Доброволното против-пожарно друштво. Тие се во координација со градоначалникот на Општината, Јорданчо Костадинов и внимателно ја следат состојбата. 

Најкритично е во селото Спанчево, каде Спанчевска Река е на преливна точка на мостот во ова населено место. На места водата се излева во дворови од куќи на локалните жители.

Се преземаат континуирани активности состојбата да се задржи под контрола и да спречат поголеми последици. ис/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан