• петок, 05 декември 2025

Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции или непотребно се упатени за операции

Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции или непотребно се упатени за операции

Скопје,14 ноември 2025 (МИА) - Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.

Од доставените 25 случаи, комисијата утврди дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не е надлежна.

Претседавачот на комисијата, доктор Жарко Христовски рече дека во оваа првична фаза анализирале само потреба од реваскуларизација т.е.кај пациенти кои имаат васкуларна болест, а сите други пациенти ќе се анализираат по пријава или при следната фаза од нивното работење. рп/са/

Фото: принтскрин

  

Остани поврзан