ОБСЕ високо ја оцени организацијата на вториот круг локални избори во Косово
- Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Џерард Мекгурк, високо ја оцени работата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово и на сите оние кои беа вклучени во организацијата на вториот круг од локалните избори во 18 од вкупно 38 општини
Приштина, 10 ноември 2025 (МИА) – Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Џерард Мекгурк, високо ја оцени работата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово и на сите оние кои беа вклучени во организацијата на вториот круг од локалните избори во 18 од вкупно 38 општини.
- Со затворањето на гласачките места за вториот круг од локалните избори, им честитам на претседателот на Централната изборна комисија, Крешник Радониќи и на сите кои учествуваа во управувањето и организацијата на изборниот процес, истакна синоќа Мекгурк.
Тој нагласи дека посветеноста и професионализмот на изборните институции ја зајакнаа демократијата во земјата.
- Вашиот професионализам и посветеност ги зајакнаа демократските процеси во Косово. Честитки до сите нови и повторно избрани градоначалници на општини, вашата работа со и за вашите заедници почнува утре. Се радувам на наскоро средба со вас, посочи Мекгурк. ми/
фото: МИА архива