• петок, 05 декември 2025

Обезбедени дополнителни 1 000 вакцини против сезонски грип во Штип

Обезбедени дополнителни 1 000 вакцини против сезонски грип во Штип

Штип, 4 ноември 2025 (МИА) – Се зголемува интересот за вакцинација против сезонски грип во Штип. Првичните две илјади дози бесплатни вакцини се потрошени, а пристигнаа уште нови 1000 дози, информираше денеска епидемиологот во Центар за јавно здравје-Штип, Светлана Живкова.

Таа истакна дека во тек се уште е и пријавувањето на вакцинација.мк со цел ризичните категории граѓани навремено да се заштитат.

-Од 3.000 дози на вакцини кои пристигнаа во Центарот за јавно здравје потрошени се околу 2 400 дози, изјави Живкова.

Таа најави дека од петок треба да почне и комерцијалната вакцинација против сезонски грип. Набавени се 100 комерцијални вакцини за граѓаните кои не се во ризичните групи и ќе се наплаќаат по 700 денари.

-Очекуваме комерцијалните вакцини да пристигнат во петок и од тогаш да започне вакцината, додава Живкова.

Вакцинацијата против сезонски грип се врши на пункт во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“-Штип. вдј/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан