• петок, 05 декември 2025

Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем 

Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем 

Неготино, 15 ноември 2025 (МИА) - Обвинение е поднесено против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, информираа денеска од Јавното обвинителство. 

- По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството. 

Појаснија дека обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа, споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност. 

- Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори, сподели Обвинителството.  свд/дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан