• петок, 12 декември 2025

Норис ја освои пол-позицијата на Големата награда на САД

Норис ја освои пол-позицијата на Големата награда на САД

Лас Вегас, 22 ноември 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи во квалификациите за Големата награда на Лас Вегас возени утрово.

Во одлучувачкиот сегмент, најдобриот круг на Британецот беше 1 минута 47,934 секунди. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор (+0,323 секунди), а возачот на Вилијамс, Карлос Сајнц, трет (+0,362).

Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, заврши петти (+1,027). Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Ферари заврши на 20-то место, последното место во квалификациите.

Главната трка во Лас Вегас ќе се вози утре (23 ноември) со почеток во 5 часот по македонско време. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан