Новоименувана директорка на Регионалниот центар за стручно образование „Киро Бурназ“ Куманово, Сузана Максимовска
- Максимовска, најавува јакнење на позицијата на училиштето како современ и препознатлив регионален центар за средно стручно образование. Меѓу приоритетите се унапредување на наставата, континуирана поддршка на учениците и наставниот кадар, како и засилување на практичната настава.
Куманово, 31 март 2026 (МИА) - Новоименувана директорка на Државното средно училиште – Регионален центар за средно стручно образование „Киро Бурназ“ во Куманово е Сузана Максимовска. Таа има долгогодишно професионално искуство како професорка токму во ова училиште, каде активно придонесува за развојот на воспитно-образовниот процес.
Во својата нова функција, Максимовска, најавува јакнење на позицијата на училиштето како современ и препознатлив регионален центар за средно стручно образование. Меѓу приоритетите се унапредување на наставата, континуирана поддршка на учениците и наставниот кадар, како и засилување на практичната настава.

Посебен акцент, како што посочува, ќе биде ставен на продлабочување на соработката со бизнис-заедницата, со цел учениците да стекнуваат практични знаења и вештини.
-Целта е да го продолжиме патот кој го започнавме како регионален центар, да функционираме како современо, модерно, иновативно и квалитетно училиште, со атрактивни струки и профили, препознаено по својот капацитет и можностите кои ги нуди за учениците да стекнуваат знаења и вештини веднаш применливи во општеството и во реалниот живот- изјави Максимовска. ам/дма/
Фото: МИА и „Киро Бурназ“