Нов земјотрес на Кипар со јачина од над пет степени според Рихтер
- Земјотрес со јачина од најмалку 5,3 степени, според првичните податоци, беше регистриран попладнево во близина на градот Пафос во југозападниот дел на Кипар, што воедно е втор земјотрес од над пет степени во период пет часа, јави дописничката на МИА од Атина.
Никозија, 12 ноември 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од најмалку 5,3 степени, според првичните податоци, беше регистриран попладнево во близина на градот Пафос во југозападниот дел на Кипар, што воедно е втор земјотрес од над пет степени во период пет часа, јави дописничката на МИА од Атина.
Според кипарските медиуми, земјотресот бил меѓу 5,3 и 5,9 степени, бил силен и почувствуван во повеќе делови на островот, а засега нема информации за повредени или материјална штета.
Со ист епицентар и јачина од 5,3 степени беше и земјотресот околу 11.30 часот по локално време.
Во периодот меѓу двата земјотреси беа регистрирани и неколку помали потреси. ср/ссм/