• петок, 05 декември 2025

Николоски: Не треба да има отстапки од коалицискиот договор со ВРЕДИ

Николоски: Не треба да има отстапки од коалицискиот договор со ВРЕДИ

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во врска со испразнетото место во Владата на Изет Меџити откако стапи на градоначалничка функиција, рече дека во моментов се зборува само за пополнување на испразнетите места коишто се дел од ВРЕДИ.

Николоски во гостувањето на Топ тема се осврна и на коалицискиот договор од претходната година за кој не треба да има отстапки.

-Ние лани имавме јасен договор, мислам дека е фер во рамки на една соработка се да се зборува, но мислам дека договорот е јасен и дека не треба да има отстапки, рече Николоски.

За дополнителна реконструкција на Владата и промена на министерските позиции Николоски посочи дека премиерот е надлежен за тоа, а дополнително додаде дека Владата по долг период е без корупциски скандал. нд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан