• недела, 11 јануари 2026

Николоски и Мисајловски на работна посета во Унгарија

Николоски и Мисајловски на работна посета во Унгарија

Скопје, 19 декември 2025 (МИА) - Владина делегација во која се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска се во работна посета на Унгарија.

Како што соопшти владината прес-служба, за време на посетата министрите Мисајловски и Николоски остварија средби со главниот советник за национална безбедност, Марцел Биро и со Мате Лога, државен советник во Министерството за национална економија, за економски развој и национални финансиски сервиси.

- Денешната работна посета е во насока на зајакнување на меѓусебната севкупна соработка меѓу двете земји особено на полето на одбрана и безбедноста и на економските врски. Во рамки на денешната посета, како дел од македонската делегација, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со својот унгарски колега, генерал Габор Боронди, а државниот секретар во министерството за одбрана Елизабета Чуповска Ристова оствари средба со заменик-министерот за одбрана, Тамаш Варга, се наведува во соопштението. хс/са/ 

Фото: Влада на Република Северна Македонија 

Остани поврзан