• четврток, 04 декември 2025

Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео  од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка.

- Рехабилитација на обиколницата Крива Паланка која води до соседна Бугарија. Многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин - Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија. Обиколница на Крива Паланка е проект со кој го поттикнуваме регионалниот развој и соработка, во истовреме обезбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај, напиша вицепремиерот Николоски. сст/дма/

Фото: принтскрин

Министерство за транспорт

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан