• понеделник, 29 декември 2025

Нигерија: Киднапери ослободија 100 ученици

Нигерија: Киднапери ослободија 100 ученици

Абуџа, 8 декември 2025 (МИА) – Околу стотина момчиња кои беа киднапирани од католичко училиште во централна Нигерија минатиот месец, се ослободени, соопштија денеска нигериските власти.

Началникот на полицијата на државата Нигер, Адаму Абдулахи Елеман, и бискупот Булус Даува Јохана, кој е задолжен за училиштето како локален лидер на католичката заедница, изјавија за Би-Би-Си дека добиле потврда за ослободување на учениците.

Тие потврдија дека од Канцеларијата на советникот за национална безбедност на владата биле известени дека децата од денеска повторно ќе бидат со своите родители. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан