• сабота, 22 февруари 2025

Нејмар ќе добие 65 милиони долари за раскинување на договорот со Ал Хилал

Нејмар ќе добие 65 милиони долари за раскинување на договорот со Ал Хилал

Ријад, 21 јануари 2025 (МИА) - Бразилското крило на Ал Хилал, Нејмар има намера да го раскине договорот со саудискиот клуб и да добие обесштетување, пренесува „Глобо Еспорте“.

Доколку договорот биде предвреме раскинат, фудбалерот сепак очекува да му бидат исплатени 65 милиони долари - сумата што му следува како плата до крајот на договорот, која се пресметува до летото 2025 година.

Претходно беше објавено дека Нејмар би сакал да се врати во својот матичен клуб Сантос, каде што ја започна својата кариера.

Нејмар оваа сезона одигра два натпревари и одигра вкупно 42 минути. Тој заздравува од повредата на колкот од ноември, а претходно пропушти една година поради скинати лигаменти.

Нејмар му се приклучи на Ал-Хилал од ПСЖ во август 2023 година. Напаѓачот претходно играше и за Барселона и Сантос. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан