Нетанјаху ја продолжи посетата на Вашингтон
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе остане во Вашингтон до сабота навечер, соопшти денеска неговиот кабинет.

Тел Авив, 3 Февруари 2025 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе остане во Вашингтон до сабота навечер, соопшти денеска неговиот кабинет.
Во соопштението се наведува дека посетата на САД е продолжена поради „големиот број барања за средби од американски функционери“.
Нетанјаху првично требаше да се врати во Израел в четврток, пишува Тајмс оф Израел.
Израелскиот премиер утре во Вашингтон треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. јт/
Фото: Кабинет на Нетахјану