Неготинец лишен од слобода, по пријава дека ја нападнал сопругата
Неготино, 22 ноември 2025 (МИА) - Неготинец бил лишен од слобода, по пријава дека ја нападнал сопругата, се заканувал и кршел по дома, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Синоќа во 21:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино, лишиле од слобода 54-годишен маж од Неготино, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга, се заканувал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес. свд/лв/
фото: МИА архива