• понеделник, 15 декември 2025

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -5 во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови, а над нулата е само во Гевгелија, Kрушево и Попова Шапка со еден степен, соопшти УХМР.

Во утринските и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко.

Максималната температура ќе достигне до 7 степени.са/

Фото: МИА

Остани поврзан