Најмалку шестмина загинати во руски напади врз Киев и Киевската област
- Најмалку шест лица загинаа, а 23 се повредени во руски напади врз Киев и Киевската област во текот на изминатата ноќ, соопштија локалните власти.
Киев, 20 август 2026 (МИА) - Најмалку шест лица загинаа, а 23 се повредени во руски напади врз Киев и Киевската област во текот на изминатата ноќ, соопштија локалните власти.
Киевската градска воена администрација соопшти дека пет лица загинале, а 23 се повредени во ноќешниот напад врз главниот град. Уште едно лице загинало во Броварскиот реон, во околината на Киев. Последици од нападите има на повеќе од 12 локации во Дарницки, Свјатошински и Соломјанскиот реон. Оштетени се станбени објекти, здравствена установа и образовна институција.
Во Херсонската област вчера загинале уште шест цивили, а 12 биле повредени, соопшти регионалното обвинителство. Според наводите, руските сили во текот на вчерашниот ден ја нападнале областа со авијација, артилерија и различни видови беспилотни летала.
Повеќе од четири години по почетокот на руската воена интервенција во Украина, нападите од двете страни на фронтот продолжуваат да предизвикуваат цивилни жртви. Властите на двете страни меѓусебно се обвинуваат за намерно гаѓање цивилни цели. аб/зш
фото/МИА архива