Најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени при руски воздушен напад врз регионот Харков
- Четири лица загинаа, а најмалку 20 се повредени во рускиот воздушен напад, при што се оштетени станбени и административни згради во украинскиот град Изум во североисточниот регион Харков

Киев, 4 февруари 2025 (МИА) – Четири лица загинаа, а најмалку 20 се повредени во рускиот воздушен напад, при што се оштетени станбени и административни згради во украинскиот град Изум во североисточниот регион Харков.
- Руските сили извршија балистички ракетен напад врз централна област на градот, објави регионалниот гувернер Олег Синегубов на Телеграм.
Тој додаде дека најмалку едно лице е затрупано под урнатините.
Според Синегубов, причинета е штета на петкатница, а неколку административни згради се делумно уништени.
Регионот Харков, кој граничи со Русија, често е цел на руски воздушни напади. ми/
фото: МИА архива