Најмалку еден загинат при напад на украински дрон во Волгоградската област
- Најмалку еден човек загина во синоќешниот напад со дрон во руската Волгоградската област
Москва, 6 ноември 2025 (МИА) – Најмалку еден човек загина во синоќешниот напад со дрон во руската Волгоградската област.
- По терористичкиот напад со беспилотно летало врз 24-катна станбена зграда, балконите беа оштетени, а прозорците на околните станови беа скршени, а 48-годишен цивил беше убиен, објави регионалниот гувернер Андреј Бочаров на Телеграм.
Тој додаде дека остатоците од дронот предизвикаа пожар во неколку области на градот, како и во индустриската зона. ми/
фото: МИА архива