• петок, 05 декември 2025

Најмалку 54 лица повредени во експлозија во Џакарта

Најмалку 54 лица повредени во експлозија во Џакарта

Џакарта, 7 ноември 2025 (МИА) – Најмалку 54 луѓе се повредени во денешната експлозија што се случи во близина на училиште во главниот град на Индонезија, Џакарта.

Според првичните информации 54 луѓе се повредени. Некои од нив се лесно повредени, други умерено, а трети веќе ја напуштија болницата, изјави началникот на локалната полиција Еди Сухер.

Тој не наведе повеќе детали за инцидентот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан