Работилница „Инклузија на граѓанските организации и медиумите во подготовка на Годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година
- Државниот завод за ревизија, со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD), денеска организира работилницата на тема „Инклузија на граѓанските организации и медиумите во подготовка на Годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година“.
Скопје, 24 ноември 2025 (МИА) - Државниот завод за ревизија, со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD), денеска организира работилницата на тема „Инклузија на граѓанските организации и медиумите во подготовка на Годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година“.
- Работилницата има за цел да овозможи отворена дискусија и размена на идеи меѓу претставниците на граѓанските организации, медиумите и Државниот завод за ревизија, за поголема транспарентност и вклученост во процесот на подготовка на годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година, информира ДЗР.лв/са/
фото: МИА архива