• петок, 05 декември 2025

Во Битола ќе биде отворена соба за работа со деца во рамки на полициските реформи

Во Битола ќе биде отворена соба за работа со деца во рамки на полициските реформи

Битола, 20 ноември 2025 (МИА) - Во Битола денеска ќе биде пуштена во употреба соба за работа со деца во рамки на програмата „Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“. 

На настанот ќе присуствуваат заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, амбасадорот на Шведска во државава Ола Солнстром и Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, најави Министерството за внатрешни работи. лв/бак/

фото: МИА архива 

Остани поврзан